facebook

Фото: Facebook

Entrupy, компанија со седиште во Њујорк, САД дизајнираше уред што може да детектира фалсификат чанта, пишува New York Post. Безжичниот уред користи микроскопска камера што ги анализира најдеталните елементи како моделите за печатење, структурата на кожата и бојата.

Според компанијата, уредот работи со точност од 98% и распознава брендови како што се Louis Vuitton, Chanel и Gucci, благодарение на камерата што ги зголемува предметите за 260 пати. Уредот ги заменува експертите чија работа е да ги проценуваат луксузните чанти, а истиот ќе се продава по почетна цена од 299 долари.

Речиси 160 бизниси од типот на онлајн продавници и продавачи на големо веќе се пријавиле за уредот којшто има дата база од 30.000 чанти и паричници. Од Entrupy велат дека продажбата на интернет како и разните препродавачи се токму тие што најчесто подметнуваат фалсификати.

 

email