vas

Фото: EyeQue Insight

Со цел за што побрзо, поточно и полесно откривање на проблеми со видот, Тибор Лацеј и Џон Сери, основачи на компанијата Eyeque со седиште во Силиконската Долина, го креираа EyeQue Insight.

Уредот прецизно одредува каков е видот на корисникот на лесен и интересен начин. Користи два начина за проверка на видот, класичен за возрасни каде корисникот гледа во низа бројки и букви и детски со интерактивни игри и активности.

EyeQue Insight се користи така што се прикачува за смартфон, а резултатите се појавуваат за помалку од три минути. Потоа, останува само корисникот да ги испрати на својот лекар. Раната детекција на кратковидост може да помогне за поефикасно лекување, особено кај децата.

email