eyeque

EyeQue е мини уред што со помош на мобилна апликација врши преглед на видот, исто како кај професионален офталмолог.

За да може да се направи прегледот, неопходно е да се инсталира бесплатната апликација myEyeQue, што е достапна преку Apple App Store и Google Play. Добиените резултати се достапни на паметен телефон или компјутер и може лесно да се споредуваат или да се споделат со лекар.

Исто така, може да се искористат резултатите за да се порачаат очила.

Зад овој уред стои американскиот старт – ап EyeQue, којшто на Kickstarter доби поддршка од 113.633 долари, иако првично побараа само 25.000 долари.

email