Claus2Клаус Вајбрехт – извршен директор на IronShark GmbH

Клаус Вајбрехт во 2002 година на само 16 години го започнува својот претприемачки пат, основајќи ја компанијата IronShark GmbH. Во изминативе 14 години тој ја разви компанијата до степен на главен играч во интернет индустријата во целиот DACH регион, којшто ги вклучува Германија, Австрија и Швајцарија. Германските весници го нарекуваат Марк Цукерберг од Тирингија, а моментално неговата компанија, сместена во JenTower во универзитетскиот град Јена, брои 34 луѓе. Во 2011 година, Вајбрехт ја освои наградата IQ innovations price of middle-Germany, а моментално активно инвестира како бизнис ангел во млади стартапи.

Тој го одбра Скопје како негова прва офшор база за надворешна канцеларија.

БИ: Кога беше вашата прва посета на Македонија и какви беа вашите впечатоци?

Оваа посета беше и мој прв престој во оваа убава земја. Не знаев што да очекувам, но сега навистина сум импресиониран од Македонија. Луѓето се многу гостопримливи и природата е прекрасна. Ми беше задоволство да престојувам во вашиот исклучителен град Скопје каде се почувствував навистина добредојден.

БИ: Дали пробавте ракија?

Секако. Беше премногу вкусна. Не можете да ја посетите Македонија, а да не пробате од нејзиниот традиционален пијалaк.

БИ: Кои беа причините да отворите канцеларија на IronShark GmbH во Македонија?

IronShark е моментално многу барана компанија. Затоа сакаме да го прошириме нашиот тим, од причина што имаме потреба од квалификувани програмери. Откако се запознав со Карстен започнав да размислувам за Bay Lean (www.baylean.com) во Македонија и шансите што можат да произлезат.

Значи потребни ви се искусни програмери. Што поточно барате?

Во IronShark бараме Frontend, PHP, Magento, TYPO3 и WordPress програмери. Како тим сакаме чист (дефиниран) код и документација, како и тоа луѓето да сакаат да бидат дел од нашиот тим. Повеќето од нас се фамилијарни луѓе (со деца) и знаеме дека постои живот надвор од канцеларијата, па затоа правиме сè што можеме да ја направиме работата пофлексибилна за вработените.

Кои се вашите цели за канцеларијата во Македонија?

Како тим веруваме во врски на долги патеки помеѓу нас како колеги и со нашите бизнис партнери. Со нашата канцеларија во Македонија и соработниците, исто така, планираме да работиме долго време. Нашите колеги од Македонија ќе бидат постојани членови на тимот. Се надеваме дека континуирано ќе растеме во смисла на бројки и искуство.

Jena

БИ: Комуникацијата ќе ви биде голем предизвик. Дали планирате да научите македонски?

Веќе знам неколку зборови “На здравје!”, “Приемот” и “Благодарам!”. Би сакал да научам уште за време на моите идни доаѓања тука и во Bay Lean. Секако целиот наш тим во Германија знае англиски и ако некој знае германски ќе биде добредојден. Би сакал тимот од Македонија да ги посети нашите канцеларии во Германија и планираме да имаме средби во живо, покрај онлајн состаноците. Откако ќе покажат исклучителни резултати постои можност членови од македонскиот тим да бидат прелоцирани во Германија, поточно во Јена, доколку се заинтересирани.

БИ: Вие и вашиот тим со апликацијата DEEP-VIEW развивте високо квалитетна технологија за препознавање на фотографии. Дали оваа иновативна технологија ќе биде дел од работата во канцеларијата во Македонија?

Сакаме да ја прошириме и продлабочиме нашата технологија на препознавање на фотографии. Тоа не мора да биде апликацијата DEEP VIEW. Целта на IronShark е на секој член да му се даде време и можност да ги подобри своите вештини на кодирање.

БИ. Дали тоа е составен дел од задачите за секој од тимот – да се развие себе си?

Секако. Секој ќе може да посети меѓународни конференции поврзани со нивната стручност во веб – развој и кодирање. Секој член од тимот ќе биде поддржан да зема онлајн курсеви и полага испити со цел да си ги подобри вештините и да биде во чекор со најновите случувања.

БИ: Кажете ни нешто за филозофијата и вредностите на Iron Shark.

Сакаме да бидеме тим, не само луѓе кои работат заедно. И сакаме да се забавуваме на работа – секој ги кажува своите идеи во IronShark и има право да ги презентира и стави како предмет на дискусија. Веруваме во развој на самите себе и сопствените вештини. Затоа земаме курсеви и полагаме испити за да го продолжиме нашето образование.

БИ: Можат ли младите и мотивирани стартапи од Македонија на некој начин да ве контактираат во врска со нивните бизнис планови?

Секако дека сакам да им помогнам на младите претприемачи. Но, она што го барам е веќе формулиран бизнис план во акција. Во најдобар случај тоа би сакал да бидат претприемачи што веќе започнале со својот бизнис и имаат потреба за подобрување на нивните старт – ап идеи.

БИ: Дали наоѓате време да седнете на кафе со вашите бизнис партнери?

Сакам лично да се состанувам со луѓето. Било да сум во Македонија или во Јена, бизнис партнерите можат слободно да ме контактираат и да закажат неформална средба со мене.

slide1

slide2

slide3

slide4

email