most

Фото: YouTube

Архитектонското студио Margot Krasojević Architects од Лондон дизајнира флексибилен мост којшто може да плови во реките и окенаите како брод. Властите на градот Ордос во областа Монголија побарале од Красојевиќ да дизајнира мост што ќе може да ја помине реката Валанмулун, пишува Inhabitat.

Мостот е осмислен како флексибилна структура којашто може да се преклопи, прошири, зацврсти покрај брегот или да плови. Овој мост се состои од главен пловечки дел којшто има три пешачки патеки и тројно едро од јаглеродни влакна.

Мостот може да се преклопи во повеќе делови, едрото може да се спушти и подигне, а цилиндричните турбини со вкрстен проток функционираат како сплавови и помагаат да се стабилизира примарната структура.

email