flex-safe-facebook

Фото: Facebook

Американскиот старт – ап Aqua Vault создаде сеф што корисникот може да го понесе со себе каде и да оди.

Сефот FlexSafe е изработен од специјален материјал што е отпорен на удари и сечење, опремен е со специјални сензори за движење и аларм. Исто така, FlexSafe е водоотпорен и има опција за соларно полнење.

Овој иновативен сеф е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што побара поддршка од 20.000 долари. На 16 дена пред крајот на кампањата FlexSafe успеа да собере 145.637 долари.

email