glavna

Од средината на ноември, па сè до почетокот на новата година, плоштадите ширум Европа се претвораат во волшебни божиќни пазари, секој со свое обележје. Во воздухот се чувствува мирис на божиќни колачи и варено вино, а на дрвените штандови може да се купат разновидни сувенири и новогодишни украси. Блескави паркови, тематски лизгалишта и шарени улици создаваат бајковита атмосфера.

zagreb1

Загреб, Хрватска

Минатата година Загреб беше прогласен за најдобра европска божиќна дестинација.

ledeni-park-zagreb

Веќе седум години по ред, од 26 ноември до осми јануари 2017 година, Адвент во Загреб има богата програма исполнета со тематски настани. Забава, добра храна, уметност, но и вистинска празнична атмосфера владее во хрватската престолнина.

park-zrinjevacНа главниот загрепски плоштад  Бан Јелачиќ секојдневно се одржуваат најразновидни програми, детски приредби, културно – уметнички програми и концерти.

advent-u-tunel

Загреб оваа година нуди нова атракција – Адвент во тунел, божиќна бајка раскажана на поинаков начин. Преку 3Д инсталација со избрана музика, добра акустика и видео инсталација може да се доживее посебна зимска атмосфера.

park-zrinjevac2

Во овој период од годината крошните на дрвата во паркот Зрињевац светат со посебен сјај. Во овој парк освен уникатните украси и сувенири се подготвуваат и кулинарски специјалитети.

Виена, Австрија

Иако е прекрасен град којшто може да го истражите во секој период од годината, во Виена владее посебна магија во декември кога плоштадите се трансформираат во Божиќни пазари.

vienna-1

Првиот Божиќен пазар е одржан во 1298 година, а денес во градот има повеќе од 20 настани што се случуваат во период од 11 ноември до осми јануари.

viena2

Еден од најпознатите е пред Градското Собрание и трае до 26 декември. Годинава се поставени 150 штандови каде што се продаваат новогодишни украси, ракотворби, кулинарски специјалитети и топли пијалаци.

vienna-lizgaliste

Посетителите за првпат годинава може да се лизгаат на две лизгалишта и поголем број на патеки коишто водат до паркот каде има светлечки инсталации што тематизираат божиќни приказни за деца.

Келн, Германија

Во Келн, градот со една од најубавите светски катедрали, во периодот од 21 ноември до 23 декември се одржува еден од најпознатите Божиќни пазари во Германија.

keln-1

Келнската катедрала и оваа година е убава позадина на божиќниот пазар. На украсените и осветлени штандови се нудат стандардните производи – божиќни украси, колбаси, пржени бадеми, варено вино, а во средината е поставена 25 метри висока елка.

keln2

На стотина метри одовде е божиќниот пазар Алтер Маркт поставен пред Градското собрание. Овој пазар е посветен на Heinzelmännchen, мали џуџиња кои според легендата работеле разни работи за жителите на Келн, а нивните скулптури се протегаат низ целиот простор.

dzudzinja-glavna

Колмар, Франција

Божиќната магија во Колмар трае од 25 ноември до 30 декември годинава. Ова харизматично гратче ги опива туристите со своите архитектонски и историски убавини.

colmar1

Посетителите уживаат низ лавиринтот на мали улички и стари куќи со прекрасна новогодишна декорација, традиционални подароци и огромно лизгалиште.

colmar22

На тезгите се продаваат рачно изработени играчки, а има поставено и џиновска кутија за писма до Дедо Мраз.

elka

Стразбур, Франција

Традицијата на одржување на Божиќен пазар во Стразбур е од далечната 1570 година. Денес се простира на 10 локации каде се поставени 300 штандови и трае од 25 ноември до 24 декември.

strasburg-1

Катедралата во готски стил е централното место каде се одржуваат многубројни божиќни концерти.

На плоштадот Kléber секоја година се поставува највисокото божиќно дрво, високо 30 метри. Традиционално, секоја година под ова дрво се оставаат подароци за сиромашните луѓе од овој град.

strasbur-elka

Будимпешта, Унгарија

Унгарската престолнина исто така може да се пофали со богата божиќна програма од 11 ноември до 2 јануари.

budimpesta-1

Главниот Божиќен пазар се одржува на плоштадот Vörösmarty, каде се одржуваат музички настапи, работилници и куклен театар за деца. На стотина метри од овој плоштад, пред Базиликата Свети Стефан, исто така се одржува божиќен пазар.

budimpesta-22

Познат е по спектакуларното осветлување и проекции на фасадата на Базиликата коешто започнува по заоѓањето на сонцето. Во средината на плоштадот има лизгалиште околу кое се распоредени штандови.

lizgaliste-budimpesta

Прага, Чешка

Во период од 26 ноември до шести јануари  во “Златниот град“ Прага, еден од најсликовитите градови во Европа, се одржува Божиќниот пазар.

praga-ceska

Главниот се одвива на Стариот плоштад каде се поставени убаво декорирани дрвени колиби, а на нив се продаваат традиционални ракотворби, дрвени играчки, кукли облечени во народна носија и новогодишни украси.

praga3

email