flatiron-logo-01

Луксуз во вистинска смисла на зборот по цени достапни за македонските граѓани

slika-br-1

Адора Flatiron Скопје – Круна на 15 години Адора Инженеринг, македонска успешна градителска приказна

slika-br-3

Уникатност – Адора Flatiron Скопје е натпросечен објект – револуционерен квалитет во сите аспекти – ентериерно уредување што ги редефинира границите.

slika-br-4

slika-br-2

Ексклузивност – прекрасен панорамски поглед – 24 часа домарска служба – внатрешен двор – простории за заедничко дружење – паркиралишта за велосипеди…

slika-br-5

slika-br-9

Квалитет – Асеизмичка стабилност докажана со вештачки земјотрес; Звучна изолација до 68 децибели! (Премиерно во Македонија); Енергетска ефикасност А – класа; Органска SТО фасада што дише; Користење на обновливи извори на енергија

slika-br-8

Грандиозниот објект Адора Flatiron Скопје почна да ја плете својата животна приказна. Станари веќе на големо се вселуваат, носат мебел, бела техника, на сите страни има растрчани мајстори кои по желба на станарите прават мерки за нова кујна, спална, родителска, детска соба…

Новите станари му дадоа живот на овој модерен станбено-деловен комплекс, кој е револуционерен по својот квалитет и ги редефинира границите на урбаното домување во главниот град. Адора Flatiron Скопје е градителска круна на 15 годишното успешно работење на Адора инженеринг. Инспириран од култната њујоршка зграда Fuller Flatiron македонскиот Flatiron е усовршен со сите атрибути на 21 век. Комплексот кој е резултат на двегодишната пожртвувана работа на 400 вредни неимари, искусни стручњаци и докажани градители е натпросечен по многу аспекти. Здание што навистина може да се натпреварува со сите светски архитектонски трендови.

Становите од 30 м² до 266 м²  во Адора Flatiron Скопје, во поголем дел веќе продадени, според квалитетот, дизајнот, иновативноста, ексклузивноста, ги поместуваат стандардите на квалитетно домување. За прв пат македонските граѓани може да го почувствуваат мирисот на луксузното светско домување, по македонски цени, кое станува дел и начин на живеење во метрополата. Почнувајќи од атриумот, стаклениот кров во срцето на комплексот со светлина, свеж воздух до специфичноста на природните материјали кои го одземаат здивот. Крем мермер- травертин, кафеав мермер или познат како темен емперадор ги красат заедничките простории и создаваат галерски систем во ходниците. Уметнички слики, огледала, лустери од кристали кои тежат до 1.600 килограми, бонсаи растенија, 24 часовна домарска служба која ги дочекува и испраќа станарите.

Револуционерни решенија во сите аспекти на квалитет

Адора инженеринг, која како компанија е позната по унапредување на стандардите во градежништвото, како што e цврстината, асеизмичката стабилност докажана со вештачки земјотрес, енергетскиот пасош А – класа, овој пат отиде чекор понатаму и во комплексот Flatiron воведе звучна изолација до 68 децибели, 80% над македонските стандарди. Flatiron e прв станбен објект кој има дополнителна изолација од светскиот бренд SТО, фасада што дише. Фотоволтаичните системи со користење на сончевата енергија за заедничко осветлување на внатрешниот и надворешниот простор ќе им донесат на граѓаните ниски сметки за струја. Спринклер системите за противпожарна заштита, модерните 7 брзи, бесшумни, од германскиот производител КОNE лифтови, се само дел од новитетите кои го подигаат квалитетот и го менуваат концептот на современо домување во Македонија. Во Flatiron не се штедело ниту на под, обложен со храстов паркет, ниту на санитарии, напротив се гледа дека вложувањето во квалитет е приоритет.

Aдора инженеринг напоменува дека благодарение на умешноста на компанијата да ги искористи обновливите извори на енергија за напојување на заедничките содржини на зградата, трошоците за одржување ќе бидат како и во секоја друга обична зграда.

„А класа“ деловни простории

Комплексот Адора Flatiron Скопје располага со деловен центар „А – класа“ на приземје и на мезанин со вкупна површина до 3.068 м² , или деловни единици од 46 м²  до 1.772 м². Луксузните деловни простории се обезбедени со видеонадзор, обезбедување, контролиран влез, ексклузивно дизајнирано фоаје за гости, клиенти, катна висина до 5 м, која дава можност за изведување галерија. Вистински светски бизнис центар кој на компаниите ќе им овозможи развој на различни бизнис дејности.

slika-br-6

slika-br-7

Врвни признанија за грандиозниот објект!

Kомплексот Aдора Flatiron Скопје ја оправда наградата THE BIZZ 2016 од Монако, Монте Карло доделена од светската бизнис конфедерација за иновативност во стилот и квалитетот на домувањето и националната награда за најдобри општествено одговорни практики од Министерството за економија, за заштита на животната средина од еко и звучно загадување.

slika-br-10