zborovi

Фото: Pixabay

Еден збор може да има неверојатна моќ да го промени човековото однесување. Оние кои знаат како да користат моќни зборови имаат убедлива предност над сите други. Користењето на едноставни фрази може да направат другите луѓе да реагираат позитивно за вас.

Харизматичните луѓе имаат тенденција постојано да употребуваат исти фрази, а во продолжение прочитајте некои од нив.

Кажи ми повеќе

Повеќето луѓе сакаат да зборуваат за себе. Речиси секој сака да чуе дека она што го прават се смета за вредно и добредојдено во разговорот. Затоа, покажете дека ги слушате другите и дека ги цените нивните гледишта.

Што мислиш

Луѓето сакаат да веруваат дека нивните мислења се важни и дека можат да влијаат врз светот околу нив. Ако станете познат како некој кој сака да ги чуе мислењата на другите, брзо ќе ја зголемите вашата харизма. Оваа фраза се применува во скоро секоја ситуација, од обични интеракции меѓу странци до сериозни работни состаноци.

Што можам да направам за да помогнам

Понекогаш е потребна помош од другите за да се остварат одредени цели. Ако имате информации, вештини или сознанија коишто ќе им помогнат на другите да ги постигнат своите цели, ќе бидете ценети за тоа што го нудите.

Те молам / благодарам

Не заборавајте на учтивоста, кога давате почит тогаш и добивате почит.

Верувам дека можеш

Сите ние се соочуваме со моменти на намалена самодоверба. Понекогаш сè што е потребно за да ги надминеме сомнежите е да чуеме дека некој друг не се сомнева во нас.

email