becher_tisch_web_700_467Фото: Frei burg Cup

Frei burg Cup е еколошка замена за чашите за кафе со еднократна употреба. Идејата е на германскиот град Фрајбург, а истата одлично функционира повеќе од една година.

Секој час повеќе од 300.000 чаши за еднократна употреба се користат во Германија. Овие чаши не може да се рециклираат, што доведува до огромна потрошувачка на суровини и енергија, како и создавање на отпад.

Една Frei burg Cup чини едно евро, а ја има во многу кафетерии и продавници во Фрајбург. Искористените чаши се враќаат и се мијат во било која продавница што е вклучена во проектот. Чашата може да се користи и до 400 пати, што значително ја намалува количината на отпад.

Денес, овој пример го следат повеќе од 100 продавници и пекари во државата.

email