1-foto

Во најубавиот скопски кварт Дебар Маало, на улица Боемска, се наоѓа ресторанот Фрути ди Маре. Во приморски амбиент на ресторанот и најубавата климатизирана градина на ул. Боемска љубителите на морската храна можат да ги вкусат најубавите морски специјалитети, со вкусот и мирисот на Далмација, збогатен со софистицираните гурмански волшепства од Италија и Скандинавија. Она што е најважно рибите и морските плодови се набавуваат на дневна основа со цел гостите секојдневно да консумираат навистина свежа морска храна.

2-foto

Новитет  во работењето се новите збогатени менија со нови, коригирани и достапни цени. Менијата се збогатени со повеќе ладни и топли предјадења, традиционални и модерни морски и месни специјалитети. Гостите ќе може да избираат според нивните вкусови од пет различни менија: мени со морска храна и риби, мени со месо, мени со голем избор на вина и пијалаци, доручек мени и lounge bar мени. Од 23-ти август ќе стартуваат новите менија со промотивна понуда од 15%. Промотивната понуда ќе трае до 29-ти септември. Би сакале да ја издвоиме ексклузивната понуда на повеќе сортни вина и можноста за тим билдинг со  дегустација на вино и храна. Новитет е уникатната понуда на крафт пива од првата македонска крафт пивара Темов. Домашните крафт пива без конзерванси и адитиви, гостите во Дебар Маало може да ги консумираат ексклузивно само во Фрути ди Маре.

3-foto

За надополнување на гурманското уживање, музиката во живо е неизбежна за комплетно задоволство. Во среда на репертоар е далматинска музика, додека во петок македонска – традиционална и староградска музика.

Гарантираме вистинско гурманско уживање.

Кога се готви со љубов се готви храна за душата.

email