architecture-1639990_960_720

Фото: Pixabay

Безмалку милион работници на моќниот германски металуршки синдикат IG Metal, издејствуваа право на скратена работна недела, во договор со работодавците, што ја отстрани заканата од нови штрајкови, по една седмица прекин на работата, пишува Irish Times.

IG Metal преговараше во име на околу 3,9 милиони работници, кои работат во најважниот сектор на најголемото стопанство во Европа, а бараат поголеми плати за работниците, како и право на скратено работно време.

Лидерите на синдикатите се заканија со временски неограничени штрајкови, доколку не им се исполнат барањата, што се нема случено од 2003-та година.

Преговорите беа водени во покраината Баден- Виртемберг, која е клучна за германската индустрија. Договорот се однесува на околу 900.000 работници, но подоцна би требало да биде проширен за сите германски работници.