gk-gallery_4

Фото: Gatekeeper

GateKeeper 2.5 ги штити податоците зачувани на компјутерите и е многу лесен за користење, пишува Mashable. Овој малечок уред се активира преку Bluetooth чип и се адаптира на дневната рутина на тој што го користи.

Штом корисникот се доближи до компјутерот, или влезе во собата, истиот автоматски се вклучува, а кога ќе се оддалечи се заклучува.

Уредот овозможува прилагодување на опсегот на најава според потребите, од неколку сантиметри до десет метри. Ниедна информација не се зачувува на него, па во случај на губење нема ризик од компромитирање на содржината.

Батеријата може да издржи до шест месеци, тежи само 10 грама, а димензиите изнесуваат 50mm x 25mm x 6mm.

email