ll

Фото: Google

Google воведува опцијата Google Flights преку која ќе можете полесно да си ги испланирате своите патувања. Со помош на оваа алатка од прва рака ќе ги добивате информациите за можни одложувања на летот и оценките за хотелите и авиопревозниците. Google воведува и опција за корисниците да пронајдат и резервираат хотели и летови преку овој пребарувач.

Алатката ќе биде достапна и за мобилен телефон. Со воведување на опција Hotels на горниот дел на страната за пребарување на Google Flight ќе може да се види достапноста на одреден хотел и цените за која било дестинација.

Дополнително, ќе можете да ги користите и поволностите од туристичките компании кои нудат пакети како Last Minute Travel.

Доколку не сте одлучиле каде сакате да патувате, Google е овде да ви препорача повеќе дестинации.