pumpA

Американската корпорација Guess планира да отвори ланец на GP Club, а градот Гринич, Конектикат е избран за прва локација, пишува Patch. Освен бензинска станица ќе вклучува и бизнис центар, медицинска клиника, маркет, воден парк, хотел со апартмани, фризерски салон и друго.

Според Guess Corporation, проектот е замислен да функционира како клуб за ултра богати клиенти, односно за оние што имаат на сметка повеќе од 50 милиони долари. Кога гостите ќе пристигнат, ќе ги пречека консиерж и додека се во клубот, нивните автомобили ќе бидат наполнети со гориво, рачно измиени и исполирани. Клиентите ќе морат да платат членарина пред да станат дел од клубот, но цената сè уште не е прецизирана.

Корпорацијата планира да отвори 250 GP Club во САД и надвор во следните три години. Членовите во клубот ќе можат да ги посетуваат и користат услугите од сите клубови, без разлика каде се наоѓаат.

email