sankt-peterburg1

Санкт Петербург е град со величествена убавина и еден од симболите на големата империја на руското царство, чија изградба пред три века рускиот цар Петар Велики.

nova1

Некогашниот Петроград, а денес Санкт Петербург е прогласен за светска дестинација на културата за 2016 година од страна на World Travel Awards.

skali

Ермитаж претставува еден од најголемите, најубавите и најстари уметнички и културно – историски музеи во човечката историја и култура. Неговите огромни збирки се изложени во шест згради, а главна зграда е Зимскиот замок којшто порано бил резиденција на руските цареви.

ermitaz2

Во повеќе од 350 сали се изложени 60.000 експонати. За два и половина века во овој музеј се собрани околу три милиони уметнички и историски експонати од камено до современо доба. Музејот годишно го посетуваат до четири милиони посетители.

muyej

Градот има 250 музеи и 4.000 заштитени споменици на културата и историјата. UNESCO има прогласено 2.400 градби за споменици на културата, а повеќе заштитени градби од Санкт Петербург има само Венеција.

crkva

Црквата Христово воскресение којашто е изградена на место каде е убиен рускиот цар Александар Втори, е една од главните знаменитости на градот.

sankt-peterburg-gradina

Петровиот замок служел како царска резиденција до Октомвриската револуција, кога во 1918 година е прогласен за музеј. Царското село е резиденцијален комплекс на руските царски семејства изграден во 18 век, а се наоѓа на 26 километри јужно од Санкт Петербург.

petrof

Познат е по својата импресивна барокна палата и летната резиденција со убави градини и паркови на царицата Катарина Велика, каде често престојувала.

email