growtainer

Фото: Growtainers.com

Американскиот ланец на супермаркети, Central Market во соработка со иновативната компанија CWA Advisors го создадоа првиот контејнер што претставува вертикална градина – Growtainter, пишува And now u know.com.

Во внатрешноста на овој контејнер се произведува свеж лиснат зеленчук, растенија и зачини што ќе се продаваат во Central Market во Далас.

Внатрешноста на овој 16-метарски контејнер е претворена во вертикална градина којашто е климатизирана и ги почитува сите високи стандарди за безбедност на храната. Преку посебна технологија ќе може да се следат процесите во Growtainer, да се наводнуваат растенијата, а енергетски ефикасните LED сијалици ќе ја нудат неопходната светлина.

email