halkbank-580x381

Светскиот водечки магазин Global Banking & Finance Review на Халкбанк АД Скопје ѝ ја додели наградата за Најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија за 2017 година.

Global Banking & Finance Review е водечки онлајн и печатен магазин што е основан како резултат на зголемената потреба за објективно информирање и обезбедување квалитетни, навремени и независни информативни вести во рамки на финансиската заедница.

Искусните соработници на овој магазин го обезбедуваат овој квалитет и вршат детални анализи, снабдувајќи ги големите играчи и клучните фигури со најнови информации во рамки на финансискиот сектор.

Прогласувањето на Халкбанк АД Скопје за најдобра Банка за МСП во Македонија за 2017 година е уште една потврда за квалитетот на услугите што ги нуди Банката, и нејзиниот придонес во обезбедувањето соодветна поддршка за еден од најзначајните двигатели на економскиот развој на една земја, малите и средните претпријатија.

Прогресивната и успешна маркетинг стратегија што Банката ја спроведува низ годините придонесува за континуиран раст на кредитното портфолио на МСП и корпоративни кредити, при што во 2016 година износот на вкупно исплатени кредити на компании достигна 271,2 милиони евра со услужени вкупно 1.215 компании. Од оваа бројка, 48 се големи корпоративни клиенти со исплатени кредити во вкупен износ од 125,6 милиони евра, а останатите 1.167 се мали и средни претпријатија со исплатени кредити во вкупен износ од 145,6 милиони евра.

Секојдневните активности на Банката, па и стратешките планови се водени од целта за поттикнување на помошта и поддршката на македонската економија, обезбедувајќи средства и ресурси за продуктивна Македонија. За тоа говорат и многубројните изградени односи со меѓународни финансиски институции преку кои Банката обезбедува развојни фондови за поддржување на националната економија. Благодарејќи на долгогодишната соработка со најголемите меѓународни финансиски институции, Халкбанк АД Скопје користи повеќе кредитни линии што имаат различна наменска и развојна цел.

Во соработка со МБПР, Халкбанк обезбедува две кредитни линии за финансирање на потребите за основен и обртен капитал на малите и средните претпријатија регистрирани во РМ и приоритетни проекти, како што се: кредитната линија од Европската инвестициона банка (ЕИБ) и KFW. Преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Халкбанк обезбедува поволни средства за правни лица со трговско-финансиски трансакции (увоз-извоз на трговска стока).

Од друга страна, пак, како резултат на долгогодишната соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), Халкбанк АД Скопје нуди соодветно структурирани производи за финансирање инвестициски проекти на малите и средните претпријатија, како и производи за домување, наменети за население.

Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина, Халкбанк во соработка со ГГФ фондот на македонскиот пазар обезбедува средства со поволни услови за финансирање на еко-проекти, односно проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија. Еко-кредитните производи се од огромно значење за зачувување на животната средина. Тие се користат за финансирање енергетско ефикасни проекти во македонските компании и македонските домаќинства со цел постигнување помала потрошувачка на енергија, како и за инвестиции во земјоделството.

Сите овие информации и бројки говорат за успешноста на Банката и ја потврдуваат визијата на Банката “да биде регионална водечка банка за МСП што е способна да ги изврши сите барања на универзалното банкарство додека афирмира силно присуство во услугите во доменот за население“.

Паралелно со овие активности, Халкбанк континуирано вложува во насока на подобрување и олеснување на услугите за граѓаните. Инвестициите во изминативе години се состојат од инвестиции во бесконтактна технологија, инвестирање во комплетно ново електронско банкарство и мобилно банкарство за физички и правни лица, онлајн аплицирање, инвестиција во ЕРП-систем и многу други процеси, со цел поедноставување на секојдневните банкарски трансакции за клиентите, притоа обезбедувајќи високо ниво на безбедност.

Оваа награда ќе биде дополнителен поттик за Халкбанк АД Скопје да продолжи да работи како професионален партнер на корпоративните и малите и средните претпријатија во земјата и да продолжи да работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите. Ние, како Банка, секогаш сме достапни за нашите клиенти. Заедно со нашиот стручен и посветен тим, и силниот систем на управување во Банката, продолжуваме да ги прошируваме односите со МСП и корпоративните клиенти и заедно да развиваме нови можности.

email