halkbank-580x381

Халкбанк АД Скопје воведува нова платежна картичка наменета за правни лица.

Mastercard Business Debit е меѓународна картичка наменета за безготовински трансакции на сите ПОС терминали коишто имаат означено лого на Mastercard и за подигање на готовина на банкоматите во земјата и во странство.

Дебитна картичка којашто на секој бизнис корисник му овозможува брзо и лесно бесконтактно плаќање секаде каде што го има знакот за бесконтактно плаќање. Картичката ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code)

Mastercard Business Debit може да се користи од страна на сопствениците на компанијата, менаџери, вработени во компанијата, овластени лица од страна на сопственикот. Сметката на картичката е поврзанa со сметка на компанијата во Халкбанк АД Скопје.

email