gl

Селото Халштат сместено на брегот на Халштатското езеро претставува една од главните туристички атракции на Австрија.

kukji

Посетителите од целиот свет го нарекуваат најубаво езерско село во светот, сместено помеѓу Алпите, кое и во летните денови може да биде прекриено со снег.

halstad-yimaПриродните богатства овозможуваат идеални услови за планинарење, велосипедизам, пливање. Околу него се наоѓаат планински врвови кои достигнуваат висина од 2.000 метри.

crkva

Покрај прекрасниот пејзаж и сочувана природа, Халштат нуди и историски знаменитости:
Католичката црква којашто е изградена во 1505 година во готски стил, Халштат музејот којшто поседува богата уметничка колекција и рудникот за сол којшто е најстар рудник за сол во светот, а сега музеј.5-prsti

Погледот од платформата 5 прсти го одзема здивот. Изградена 500 метри над земјата, платформата е во форма на прсти од рака, од каде доаѓа и името. Поставена на карпа нуди неверојатен панорамски поглед на целиот алпски регион.

6

Кинезите во 2012 година направија негова копија којашто се наоѓа во кинеската провинција Гуангдонг.

email