foto-fb

Фото: Facebook

Британскиот старт – ап Heat – O создаде уред којшто корисникот може да го стави на облеката и да му помогне во одржување на температурата, доколку се најде во екстремни услови.

“Во последните неколку декади, технологијата беше насочена кон задоволување на секојдневните навики на луѓето, но студеното време ги засега сите луѓе на ист начин. Од таа причина, добивме инспирација да го промениме тоа и затоа го создадовме HEAT -O“, велат од овој старт – ап со седиште во Лондон.

Корисникот треба да ги постави грејачите на HEAT – O под облеката. Според неговите потреби, може да се постави и контролира температурата што треба да ја ослободува HEAT – 0.

Во еден комплет има: далечински управувач, полнат, батерија и грејачи. Температурата, што може да ја ослободат грејачите, се движи од 15 до 40 степени. Уредот е водоотпорен, па може да го користат и нуркачи.

Овој проект е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, каде што бара поддршка од 40.000 британски фунти (околу 46.000 евра).

email