cvet

Фото: Kickstarter

Helloplant е австриски старт -ап кој создаде паметен сензор за растенија. Овој сензор ја мери амбиенталната и температурата на почвата и на корисникот му испраќа известување дали треба да премести или да стави вода.

Сензорот е робустен и водоотпорен и може да се користи во затворен простор и на отворено. Helloplant се става во почвата и дава информации за нивото на влага, светлина и топлина. Информациите ги испраќа преку апликација за iOS и Android на мобилниот телефон на корисникот. Сензорот автоматски се поврзува со паметниот телефон, но корисникот мора да има вклучено Bluetooth. Растението се слика и се пополнувааат основни информации за него, а кога ќе треба да се променат одредени услови, на мобилниот телефон ќе биде испратена порака.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter, од каде бара финансиска поддршка од 30.000 евра, а до крајот на кампањата остануваат 30 дена. Цената на Helloplant изнесува 19 евра.

email