hybrix-extreme-endurance-drone

Фото: Quaternium

Производителот на дронови Quaternium, со своето беспилотно летало HYBRiX.20, постави нов Гинисов рекорд за најдолго непрекинато летање на дрон, пишува New Atlas.

Според видеото што го објави компанијата, дронот летал цели четири часа и 40 минути во воздух. Летот на Hybrix.20 се случи на 24-ти декември во Валенсија, Шпанија.

Хибридниот дрон работи на гас и електрична енергија, има значителен опсен и издржливост и се користи за надзор, надгледување на земјоделски култури и вршење на инспекции.

email