hr

Фото: Pixabay

Хрватската платформа за вработување Мој Посао објави анкета на тема Дали би прифатиле работа за која не сте стручни?, спроведена на над 1.100 испитаници.

Најголемиот дел од нив, 79%, одговориле дека би прифатиле работа за која не се стручни, но би се потрудиле што е можно побрзо да научат сè што е потребно. Според оваа група на анкетирани, сè може да се научи доколку постои интерес, а ваквите можности се и предизвик.

Работа за која не се стручни не би прифатиле 12% испитаници, затоа што сакаат работата да ја извршуваат самостојно и совесно.

Само 9% од анкетираните би прифатиле работа за која не се стручни и би се потпирале на помош од колеги кои имаат искуство.

email