ucenici-lap-top-pexels

Фото: Pexels

Ученици од основно училиште во загрепската населба Кашина учат историја со помош на виртуелна реалност, пишува Bug.hr.

“Овој вид на настава е специфична, бидејќи за учење користиме технологија што примарно не е наменета за образование, но е прилично атрактивна за младите. Целта е да го модернизираме наставниот процес и на учениците да им ги доближиме наставните содржини на забавен начин, како и да ги поттикнеме самостојно да истражуваат и да се стекнат со нови знаења“, вели професорот Хано Узеирбеговиќ, кој од септември минатата година ја изведува наставата по изборниот предмет Виртуелна историја.

Изведувањето на наставата во виртуелна реалност е нов пристап во образованието преку којшто наставните содржини се совладуваат со употреба на напредна технологија, компјутери, таблети, мобилни телефони, видео игри, очила за виртуелна реалност, VR камера и различни софтверски апликации.

На часовите по историја, учениците заедно со својот наставник на почетокот на годината избираат теми што им се интересни, а потоа истражуваат достапни софтверски решенија што може да се користат за обработка на наставните содржини.

Досега, на таков начин се обработени теми за стара Грција, користејќи ја видео играта Minecraft и градејќи го храмот Партенон, а наставната тема за задгробниот живот и мумификацијата во стар Египет ја совладаа преку видео играта Mummy maker. Потоа направија прошетка низ гробницата на Тутанкамон, користејќи очила за виртуелна реалност, додека преку Skype често имаат предавања од експерти од целиот свет.

email