robot

Фото: Youtube

Хрватскиот старт – ап специјализиран за роботика, Gideon Brothers, е партнер во проект за развој на хуманоидниот робот Rosie, пишува хрватски Лидер.

Роботот, чие име е Rosie, е претставник на првата генерација на хуманоидни роботи што може да извршуваат задачи, како што се носење на храна, чистење на домот и пронаоѓање на изгубени предмети. Основна намена на Rosie е да им помогне на родителите кои имаат недостиг на слободно време и на повозрасните лица кои имаат потреба од помош.

Инженерите на Gideon Brothers, кои се партнери на технолошката компанија Aeolus Robotics, учествува во развој на програмска поддршка за роботската рака, алатки за испитување на перформансите на роботот, алатки за управување со неговата мобилност, како и во развојот на системот за интеграција и тестирање.

Компанијата Gideon Brothers ја основаше Матија Копиќ, кој претходно го основаше и го продаде стартапот Farmeron. Станува збор за една од најголемите компании специјализирани за роботика и автономна технологија во југоисточна Европа.

email