hrvatski-telekom

Хрватски Телеком (ХТ) со компанијата Magyar Telecom потпиша договор за купување акции со коишто ќе стекне 76,53% удел во Црногорски Телеком. Куповната цена на овој договор изнесува 123,5 милиони евра, а се очекува трансакцијата да биде заклучена до крајот на овој месец, стои во соопштението на ХТ.

“Со купувањето на Црногорски Телеком очекуваме значајна синергија меѓу Хрватски и Црногорски Телеком, пред сè преку размена на знаења и технологија, како и оптимизирање на деловните процеси и заеднички настап на пазарот. Уверен сум дека силата и искуството на Хрватски Телеком ќе придонесе за понатамошен развој и успешно работење на Црногорски Телеком“, изјави Давор Томашковиќ, претседател на Управата на ХТ.

Почетокот на консолидацијата и управувањето со Црногорски Телеком е планиран по заклучување на трансакцијата. Откако ќе се случи тоа, 76,53% од акциите на Црногорски Телеком ќе бидат во сопственост на Хрватски Телеком, додека преостанатите 23,47% ќе останат во сопственост на физички и правни лица.

Оваа трансакција е дел од стратегијата на ХТ за раст преку ширење на регионални пазари.

email