msp_humanitaren-nastanВо рамките на двочасовната програма, голем број македонски познати личности, меѓу кои Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Биг Мама, диџеј Гоце Саф, Мартија Станојкоиќ, хип-хоп групата Битрикс, кошаркарската легенда Владо Илиевски, како и Лила Стојановска, Марко Новески и уште многу други, заедно со сите хумани граѓани ќе мрдаат со прст и ќе се обидат барем малку да придонесат за поубаво секојдневие за оние што имаат најголема потреба од тоа.

Целта на хуманитарниот настан е прибирање донации на училиштен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училиштен материјал, неопходен за непречено следење на училишната настава, кои хуманите граѓани ќе можат да ги достават во комбето на Мрдни со прст што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.

Донациите ќе бидат наменети за дечиња од социјално загрозени семејства и од семејства во социјален ризик, кои се соочуваат со недостиг на финансиски средства за набавка на основните образовни материјали, а ќе им бидат дистрибуирани на околу 120 дечиња од шест основни училишта во Скопје и околината, ученици во ОУ Сами Фрешери во с. Глумово, ОУ Марко Цепенков во Зелениково, ОУ Ѓорг Кастриоти Скендербеу во Арачиново, ПОУ Златан Сремец во Кисела Вода, ОУ Рајко Жинзифов во Драчево, ОУ Дитурија во Сарај и дополнителни три подрачни основни училишта во селата Крушопек, Грчец и Љубин, стои во соопштението.

Повеќе информации за иницијативата Мрдни со прст се достапни на: www.mrdnisoprst.mk и на фесјбук страницата https://www.facebook.com/MrdniSoPrst/.

email