iaeste-makedonija

Фото: Facebook

ИАЕСТЕ Македонија го организира интернационалниот семинар SID (Strategic IAESTE Development). Свеченото отворање ќе се одржи денеска во конференциската сала на Хотел Парк & Спа, со почеток во 19 часот, стои во соопштението.

Семинарот е во организација на меѓународната организација за размена на студенти од техничките факултети – ИАЕСТЕ Македонија, а ќе присуствуваат повеќе од 60 странски делегати, декани на факултетите од техничкиот кампус, компании поддржувачи, како и алумни членови кои денес се успешни и познати во бизнис светот.