cra-mutti-1-terrace-960x350

Фото: Carlo Ratti

Градот Парма во Италија ќе биде дом на креативна и невообичаена градба – фабрика за домати чиишто ѕидови се изработени од тегли. Дизајнерското студио CRA-Carlo Ratti Associati ќе креира нов дизајн на фабрика за потребите на компанијата Mutti.

Проектот ќе вклучува павилјон со ѕидови составени од тегли од томато сос и тераса од којашто ќе може да се гледа процесирањето на 5.500 тони свежи домати.

Фабриката ќе зафаќа површина од 250.000 метри квадратни и ќе има неколку производствени погони. Надвор од неа ќе бидат поставени полупроѕирни ѕидови од тегли со висина од 120 метри и ширина од седум метри.

Целата структура навечер ќе биде дигитално осветлена. Центарот за посетители ќе вклучува и ресторан, овоштарник и посебен простор за одржување на настани.

email