rastenie

Фото: Pixabay

Што сакаат успешните бизнис играчи да им порачаат на сите идни и сегашни претприемачи, во продолжение.

Не давам големи плати затоа што имам многу пари, имам многу пари затоа што давам добри плати.

– Роберт Бош, германски индустријалец

Иноватиновноста е тоа што ги разликува лидерот и следбеникот.

– Стив Џобс, основач на Apple Inc.

Светот се менува многу брзо. Битката веќе не е помеѓу големите и малите. Битката е меѓу бавните и брзите.

– Руперт Мурдок, основач на News Corporation

Претприемачот секогаш бара промена, одговара на неа и од истата создава можност.

– Питер Дракер, менаџмент консултант и автор

Решавање на големи проблеми е полесно од решавање на мали проблеми.

–Сергеј Брин, основач на Google

За да бидете успешни треба срцето да ви биде во бизнисот и бизнисот во срцето.

–Томас Ватсон, поранешен извршен директор на IBM

Не можете да го избегнете ризикот, треба само да го менаџирате.

– Доктор Нил В. Полок

Првиот ја зема остригата, вториот школката.

– Ендру Карнеџи, основач на Carnegie Steel

Бизнисот треба да биде забавен, треба да ги разбуди вашите креативни инстинкти.

– Ричард Брансон, основач на Virgin Group, Ltd.

Бродот е безбеден на пристаништето, но бродовите не се направени за да стојат.

– Вилијам Г. Т. Шед, American Theologian

Ако искрено не ги сакате вашите клиенти, големи се шансите да не сакаат да купуваат од вас.

– Томас Ватсон, поранешен извршен директор на IBM

Ако соберете големо искуство, клиентите ќе раскажат наоколу. Рекламата од уста на уста е многу моќна.

– Џеф Безоф, основач на Amazon

Колку повеќе се поврзете со клиентите, толку полесно ќе одлучите што треба да правите.

– Џон Расел, претседател на Harley Davidson

Добро е да се дружите со луѓе подобри од вас, кои имаат подобро однесување и со време ќе станете како нив.

– Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway

Во бизнис светот секој е платен со искуство и пари. Земете го прво искуството, парите ќе си дојдат подоцна.

– Херолд Џинин, поранешен претседател на ITT Corporation

email