sunglasses-1284392_960_720

Фото: Pixabay

Американскиот технолошки гигант Intel развива паметни очила наречени Vaunt, пишува Tech Crunch. Тие речиси не се разликуваат од обичните очила, но во внатрешноста на рамките имаат ласер со ниско ниво на напојување, процесор, Bluetooth чип и компас.

Ласерот емитува црвена, монохроматска слика со големина од 400×150 пиксели. Оваа слика ќе може да испраќа известувања од вашиот телефон, да открие каде се наоѓате и слично.

Додека идните модели може да бидат опремени со микрофон и пристап до паметни асистенти како Siri моделите од првата генерација Vaunt ќе бидат контролирани преку суптилни движења на главата.

Иако сè уште се во тест фаза, според компанијата очилата во моментов ветуваат дека ќе бидат најдобра верзија на паметни очила што сме ги виделе досега.