Adamantino-iPhone7-Diamond-2Италијанскиот бренд Adamantino, познат по своите беспрекорни рачни изработки на дијаманти, му даде софистициран и луксузен изглед на најновиот производ на Apple – iPhone7 и iPhone7 Plus.

Паметниот телефон, нарачен Jet Black, е украсен со бели дијаманти на логото што создаваат уникатен контраст со црниот финиш на ремек делото, пишува Luxury Trump.

Спојот на уметност и технологија е доведен до совршенство што ќе го посака секој. Производите на Apple со оригиналниот потпис на Adamantino чинат 4.200, односно  4.900 долари за iPhone7 Plus. Двете верзии имаат меморија од 256 GB и можат да се нарачаат на официјалната страна на брендот.

image-26Adamantino-iPhone7-Diamond-1-1170x658

email