reykjavik-1988082_960_720

Фото: Pixabay

Исланд е прва земја во светот што забрани мажите да бидат повеќе платени од жените, пишува Al Jazeera. Законот стапи на сила во првиот ден од новата година и според него мажите не смеат да земаат поголема плата од жените без разлика во која индустрија работат.

Новите правила подразбираат компаниите и владините агенции што вработуваат најмалку 25 луѓе да обезбедат сертификат што гарантира еднаква плата. Во спротивно ќе се соочат со казни.

Исланд е дом на приближно 323.000 жители и има силна економија благодарение на туризмот и рибарството. Според анализите на Светскиот економски форум, во последните девет година земјата е на прво место според еднаквост помеѓу половите. Во парламентот на Исланд речиси 50% од пратениците се жени.

Земјата планира до 2020 година целосно да ги израмни примањата во платите.

email