pcenica-pixabay

Фото: Pixabay

Рокот за поднесување барања за директната финансиска поддршка во земјоделството, проектирана на вкупно 160 милиони евра завршува денеска, јавува Миа.

Сите заинтересирани земјоделци можат сами да аплицираат, електронски, преку Е -Барање поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а оние кои не се во можност сами да креираат барање, техничка поддршка можат да побараат од Подрачната единица на Министерството.

Барањата се поднесуваат по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред подесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

email