Израелската компанија Urban Aeronautics, којашто 15 години работи на развивање на беспилотно летало тешко 1,5 тони, верува дека ќе се најде на пазарот до 2020 година.

Леталото Cormorant кое го нарекуваат летечки автомобил, може да пренесе 500 килограми товар и да достигне брзина од 185 километри на час, а се проценува дека ќе чини 14 милиони долари. Својот прв автоматски самостоен лет го изведе во ноември минатата година, пишува Reuters.

letalo-leta

Од компанијата Urban Aeronautics веруваат дека темно – зеленото беспилотно летало коешто користи внатрешни ротори наместо хеликоптерски пропелери, би можело да служи за евакуација на луѓе од непријателски средини и ќе овозможува безбеден пристап на воените сили.

Извршниот директор на компанијата Рафи Јоели вели дека ова беспилотно летало е побезбедно од хеликоптер бидејќи може да лета помеѓу згради и далноводи, но на него треба уште да се работи пред да биде лансирано на пазарот.

email