people-2558679_960_720

Фото: Pixabay

Американската компанија Jabil и eyeSight Technologies од Израел заедно ќе креираат сензори за автомобили коишто ќе обезбедат мониторинг на возачот и следење на гестикулацијата, пишува Just Auto.

Заедно двете компании, секоја со својата експертиза, ќе помогнат за создавање на систем што ќе покаже колку возачот е совесен додека вози.

Како што велат од Jabil, партнерството со eyeSight Technologies ќе овозможи преку детектирање на свесноста и вниманието на возачот да се избегнат сообраќајни несреќи.

Ваквите сензори ќе можат да се имплементираат во превозни средства од било каков тип. Комбинираниот систем на хардвер и софтвер работи со голема прецизност, овозможувајќи мониторинг на возачот со поголема резолуција.

Системот користи инфрацрвени зраци за да овозможи идентификација на возачот, односно препознавање на лице, пол и возраст. Тој го покажува степенот на внимание на возачот преку позата на главата, држењето на телото, трепкањето и расположението. Го следи ирисот во окото и погледот на возачот, ги контролира неговите движења и слично.

email