gifting_limited_editions_thumb

Фото: Johnnie Walker

За прв пат човекот со капа кој се појавува на шишињата на вискито Johnnie Walker ќе биде заменет од жена, пишува CNN. Брендот Johnnie Walker, којшто е во сопственост на алкохолниот гигант Diageo, изјави дека ќе започне специјално издание на своето виски од следниот месец, а на етикетата ќе има лого со жена.

Со цена од околу 34 долари, специјалното ограничено издани на шишињата ќе биде пуштено во продажба во март, за да се поклопи со меѓународниот ден на жената и месецот на женската историја.

Додека изгледот и дизајнот на брендот имаа суптилни промени со текот на годините, тој секогаш ја пренесува јасната визија на компанијата – движење напред. Брендот што опстојува веќе 200 години, со новото лого Jane Walker ќе го направи следниот чекор напред, како уште еден симбол на заложбата за напредок.