k

Кабтел е македонска водечка компанија на ИKТ пазарот, којашто повеќе од 16 години раскажува успешна бизнис приказна во прилично турбулентни услови. Нејзиниот успех се должи на посветеност, ентузијазам, иновативност и прагматичност, одлично работно опкружување, постојан развој и професионално опкружување, високо мотивирани вработени, квалитетни услуги и соработка со влијателни и признаени странски партнери. За маркетинг предизвиците, професионалниот однос, мотивацијата и идните планови, зборуваме со Павлинка Ѓоргиевска-Сандев, Маркетинг Менаџер во Кабтел ДООЕЛ Скопје.

БИ: Како започна вашиот професионален развој во Кабтел?

Во Кабтел сум повеќе од 11 години. Веднаш по завршувањето на постдипломските студии се вработив во компанијата. Магистерската теза ми беше во делот на Герила Маркетинг, така полна со елан, креативни идеи, за моја среќа можев од самиот старт истите да ги реализирам со полна поддршка и доверба на Генералниот извршен Директор.

Во изминатите години почнавме и остваривме многу успешни кампањи во делот на маркетинг, ги реализиравме визионерски, поради што сме многу среќни и горди на резултатите кои ги чувствуваме ден денес. Комплетнотото ИКТ портфолио на производи и услуги кое го има Кабтел, само по себе е вистински предизвик за сите вработени во компанијата, а особено за дефинирање на маркетинг стратегија и нејзино оперативно извршување. Маркетинг агенциите со коишто соработуваме на почеток, не ја сфаќаа ширината и длабочината на нашето портфолиото, за да по извесно време речат “оф како да го комуницираме ова”,  но работата ни ја олеснуваат нашите партнери, светски етаблирани брендови што се дел од нашето портфилио, како и 70-те вработени во Кабтел кои секојдневно посветено се трудат темелно да го разберат однесувањето и потребите на потрошувачите (клиентите) и на најдобар начин да ги задоволат нивните барања, испорачувајќи најсовремени ИКТ решенија.

mn

Продажна промоција за брендот Kaspersky во 2014 година

БИ: По што е препознатлива вашата компанија на пазарот?

Почетоците на Кабтел се поврзани со делот на бизнис системи и структурно LAN каблирање со оптика и бакар, што всушност и ден денес го работиме и во голем дел сме препознатливи на пазарот како една од фирмите којашто тој сегмент на каблирање го подигна на едно завидно високо ниво во државата и регионот. Потоа, дојде Kaspersky Lab како производ што е познат како еден од најдобрите антивируси, односно Internet Security апликации. Наша цел беше развој на бизнис сегментот на Kaspersky како бренд во што сега веќе со сигурност, можам да кажам и дека успеавме. Потоа, како што растевме и се развивавме како компанија, со тек на време портфолиото го проширивме и во некои други производи и услуги. Што е она што всушност денес го работиме и по што не знаат на пазарот? Инсталираме и пуштаме во работа базни станици за Телеком оператори, радио линкови, сетирање и пуштање во работа на оптички мрежи не само во рамки на некој кампус, туку и град – град, место – место. Традиционално тоа што го работиме е LAN структурно каблирање, односно кабелски системи. Работиме комуникациски системи за switching, routing, PABX, но тоа се далеку од куќни централи, туку најсовремени IP/VoIP комуникациски системи коишто се многу сложени и софистицирани и нудат многу нешта, многу напредни функции. Како на пример, да може да отидете надвор на пат и да разговарате преку сопствената централа и во рамки на фирмата и во државата, користејќи Wi-Fi технологија, односно мобилниот телефон да го користите како локал. Вие defacto сте ја напуштиле канцеларијата, но всушност како сè уште да се наоѓате во неа. Во сегментот на Wi-Fi системи, нудиме комплетни системски ИКТ решенија за комплексно покривање на објекти и широки простори. На клиентите го нудиме и SOPHOS како софистицирани уреди за Cyber Security заштита од поширок обем на прилично високо квалитативно ниво, а од пред неколку години влеговме сериозно и во сегментот на BMS (Building Management System)и автоматика, зошто веќе имаме и солидни референци како што СЦ Јане Сандански во н. Аеродром Скопје и новиот објект на Македонска филхармонија во Скопје.

oo

Визуелен приказ на БМС софтверот инмплементиран во објектот на Македонска филхармонија.

БИ: Што е најголемата конкурентска предност на Кабтел на пазарот?

На пазарот сме препознатливи по тоа што делуваме како поширок систем интегратор, интегрираме системи од различна природа, од инфраструктурен до безбедносен и комуникациски дел, па и нешто поново во последно време на што особено придаваме значење е BMS и автоматика како капа на сè. Она што можам со особена гордост да го истакнам е дека сме целосно компетентни и во можност да проектираме и имплементираме целосни технолошки решенија по мерка на клиентите со најразлична комплексност. Се надевам дека нема да звучам нескреомно ако кажам дека сме една од ретките компании, ако не и единствената компанија во Македонија и на Балканот којашто има такво портфолио да може да креираме решенија и да ги изведеме истите според барањата на клиентите и сето тоа да биде економски исплатливо. Работиме исклучиво со квалитетни производи и брендови што значи дека на крај сме подготвени да дадеме гаранција за квалитет.

БИ: Дали се соочувате со недостиг на кадар и на кој начин го надминувате овој предизвик?

Се стремиме во иднина да го глобализираме нашиот бренд и затоа бараме професионалци кои сакаат да ги развијат своите таленти и да се соочат со нови предизвици. Веруваме во нашите вработени и поради таа причина, секогаш кога е можно, во недостиг на кадар се обидуваме да ги пополниме позициите со интерен избор, со вработени од нашата компанија кои ги поседуваат потребните компетенции, а со тоа и да придонесеме кон нивниот личен и професионален развој. Развојот на вработените е и наш компаниски развој. Ние сме посветени на развој, наградување и на задржување на нашите таленти и за таа цел обезбедуваме структурирани процеси, процедури и работно опкружување што ќе го извлечат најдоброто од вработените и ќе ги мотивираат за уште поголеми достигнувања.

Ние ја препознаваме важноста на учењето како непрекинат процес во текот на  животот и затоа обезбедуваме обуки и едукација за уште поголемо зголемување на вредноста на вработените, нашите вработени се нашето најголемо богатство. Едукациите и обуките се достапни преку внатрешни или преку надворешни експерти во соодветните области, во зависност од опсегот на компетенциите коишто треба да се подобрат. Ние, исто така, нудиме широк спектар индивидуализирани обуки и специјализирани програми, во соработка со голем број на партнери, како и опции за менторство со цел поттикнување на функционална и техничка совршеност, охрабрување на тимската работа.

sl

Визуелен приказ на БМС софтверот инмплементиран во објектите на СЦ ЈанеСандански

Како дел од активностите за зајакнување и подмладување на своите човечки капацитети, спроведуваме практикантска програма еднаш годишно. Студенти од различни факултети што се блиски и сродни со оперативните дејности на Кабтел, имаат можност да бидат дел од работната атмосфера на компанија и да стекнат искуство за понатамошните предизвици во нивната професионална кариера. На овој начин Кабтел добива свежи и иновативни идеи од високо образовани млади луѓе, додека најнадежните кандидати добиваат можност да се приклучат на нашиот тим.

Денес еден од предизвиците е токму кадарот. Голем број на вработени со години се лојални на компанијата, веруваат, гледаат визија и свој професионален  развој во Кабтел. Голем број луѓе одат надвор, не затоа што не се задоволни од фирмите во коишто работат, туку заминуваат пред сè затоа што за жал веќе не гледаат перспектива во државата. Предизвикот со кадрите го решаваме така што пред сè се трудиме да го задржиме постоечкиот кадар, а се трудиме и да дојдеме до најдобрите. Има доста студенти кои биле тука на пракса, покажале одлични резултати во текот на праксата и сме им дале шанса да се докажат професионално, вработувајќи ги. Тоа можеби е најпроверениот пат за да се дојде до соодветен кадар. Она што се трудиме е да имаме обучен кадар кој е спремен да испорача квалитет. Тоа не е едноставно, но гледаме да ги решиме сите предизвици. Една од нештата што ги воведовме неодамна е таканаречена Контрола на квалитет. Покрај системите за квалитет, како што е ISO, имаме посебен оддел што се занимава со контрола на квалитет на изведени инсталации, проекти и слично. За нас е многу важно, не само да се направи, туку тоа да биде согласно стандардите и без импровизации. Импровизациите во Кабтел се најстрого забранети, затоа што на крај, а искуството го покажало тоа, исклучително многу чинат од повеќе аспекти, не само финансиски.

dscn0961

БИ: Во што ја барате мотивацијата за да бидете успешни на професионален план?

Еден од главните извори на мотивација и поттик за понатаму е тоа што Кабтел е во групата на 100 најуспешни компании во Македонија. Она што ни дава поттик е тоа што имаме партнери коишто се големи и признати компании и покрај сите проблеми што ги имаат фирмите во Македонија, сепак останаа со нас. Доказ за тоа е партнерство со две многу големи компании од коишто се очекува многу.

Се трудам постојано да учам и да се надоградувам. Денес маркетингот е многу динамичен. Со појавата на интернетот и социјаните мрежи, комуникациите станаа двонасочни- т.е. интерактивни. Потрошувачите може сами да се информираат за компанијата, а и компанијата има можност да акумулира покомплетни информации за своите потрошувачи. Со таквите информации, се трудиме да воспоставиме силни врски на соработка, при што се истражуваат нови можности на деловно работење и градиме долгорочни конкурентски предности.

Во дејноста во која работиме строги маркетинг правила и принципи не постојат, искуството и интуицијата најчесто ме водат при одлучување која кампања кога и каде ќе ја реализираме. Генерално на македонскиот “пазар” му треба уште многу едукација. Изразеното чувство на почит и поддршка кон образованието многупати го потврдивме преку голем број реализирани општествено одговорни проекти. Сите реализирани и планирани општествено одговорни практики на посебен начин ме мотивираат. Голема поддршка и мотивација добивам и од моето семејство. Како мајка на две мали деца многу пати некои работи изгледаат невозможни, но со добра организација и истрајност, ништо не е невозможно. Морам да признаам дека тие ми се најголемиот двигател, со нив ја имам комплетноста.

email