gift-brown-shopping-market

Фото: Pexels

Како искусен продавач сигурно сте научиле моќни совети и трикови за продажба. Продажната професија е брза и бара постојана адаптација на индустријата со “напад“ на нови конкуренти. Затоа, од големо значење е како продавач постојано да ги подобрувате продажните вештини.

Без оглед на тоа во која индустрија сте, она што добро функционирало пред неколку години не е доволно добро денес. Во продолжение, прочитајте неколку основни чекори што може да ги преземете за да ги подобрите продажните перформанси, да ги намалите трошоците за продажба и да го обезбедите вашиот опстанок.

Разјаснете ја мисијата

Што правите најдобро? Кому му треба она што го нудите? Како најдобро да им пристапите на потенцијалните клиенти? Колку се спремни да платат?

Поставете цели

Запишете ги целите на активностите што може да ги контролирате. Следете ги резултатите за да го измерите напредокот. Зголемете ја вашата активност и измерете ги резултатите.

Воспоставете служба за корисници

Воспоставување на служба за корисници е одличен начин да се воздигнете над конкуренцијата. Многу продажни тимови губат идни и тековни клиенти поради недостаток на следење. За да се спречат загубите, одржувајте табела на активни клиенти и оние кои би сакале да ви станат, забележувајќи го последниот датум на комуникација.

Откријте ги потребите на купувачот

Производот нема да се продава ако не ги задоволи потребите на потрошувачот. Нагласете ги карактеристиките на услугата или производот што ќе им помагаат да ги заштедат пари и време. Споредете го производот или услугата со тоа што клиентот веќе поседува, предложувајќи им подобро решение.

email