interesna-licnost

Фото: Pixabay

Секој има потенцијал да биде интересна личност. Не мора да бидете директор или астронаут за да го привлечете вниманието на луѓето. Треба да знаете како да ги потенцирате карактеристиките што ве прават различни од личноста која седи пред вас.

Овие совети ќе ви помогнат да ги убедите другите и уште поважно себе си дека сте фасцинантна личност, пишува Business Insider.

Бидете љубопитни

Активно барајте нови идеи и искуства што ќе го променат начинот на кој размислувате. Бидете доживотен ученик. Имајте отворен ум, бидете љубопитни и проширете ги своите перспективи.

Раскажете добра приказна

Можеби сте полни со информации и искуства, но не знаете да ги споделите со другите. Треба да научите да бидете добар раскажувач. Не кажувајте сè што ќе ви падне на памет, туку креирајте приказна што ќе биде забавна, информативна и ќе ги натера другите да ве слушаат внимателно до крајот на истата.

Поставувајте добри прашања

Не треба да раскажувате многу за себе за луѓето да веруваат дека сте интересна личност. Наместо тоа, вклучете ги во длабок разговор за нивниот начин на живот. Поставете им внимателни (не љубопитни) прашања за нивните интереси и приоритети. Внимателно слушајте ги нивните одговори. Не се плашете да поставувате едноставни прашања.

Кажете го тоа што го мислите

Личностите кои не го кажуваат своето мислење и се спротивставуваат се досадни. Кажете го тоа што го мислите дури и ако на другите нема да им се допадне тоа.

Читајте

Ако имате време и пари, патувајте низ светот. Но, ако немате, можете да научите и да се запознаете со различни култури и историски периоди со читање книги, блогови, списанија…

Дружете се со интересни личности

Ако сте во друштво на здодевни, незадоволни или сериозни луѓе, постои голема веројатност и вие да бидете како нив. Истото важи и кога имате друштво на интересни луѓе.

email