kritika

Фото: Pixabay

Критиката и повратните информации кои се конструктивни и точни се неопходни за успехот. Треба да научите како да се справите со нив без да бидете разочарани. Поставувањето на вистински прашања носи вистинска критика. Еден од најефикасните начини да добиете конструктивна критика е да поставите вистинско прашање. Ако поставите нејасни и отворени прашања тогаш ќе добиете и нејасни одговори. Кога ќе поставите вистинско прашање на критичарот ќе знае на што да се фокусира. Овие неколку совети ќе ви помогнат да добиете точни и конкретни повратни информации (критики).

Поставете конкретни прашања

Прашајте за конкретни ситуации. На пример, што би можеле да направите поинаку на одреден состанок или ситуација. Вашите прашања нека бидат конкретни и отворени.

Побарајте објаснување

Кога критичарот ви дава повратни информации, поставувајте прашања за да бидете сигурни дека јасно сте разбрале што ви кажува. Бидете внимателни со вашиот тон и говор на тело и не настапувајте дефанзивно. Формулирајте прашања што ќе ви помогнат да ја разберете пораката која ви се испраќа.

Слушајте

Честопати кога луѓето добиваат негативна критика тие престануваат да слушаат и се бранат. Меѓутоа, важно е да продолжите внимателно да слушате што соговорникот има да ви каже, а на тој начин негативната критика да ја претворите во позитивна промена што ќе ве движи напред.

Внимавајте кого прашувате

Пред да побарате повратна информација добро размислете од кого ја барате. Дали таа личност е компетентна да ви даде фидбек, дали е ценета и колку ја почитувате. Секоја критика не е соодветна за вашето време и внимание.

email