motivate

Фото: Pixabay

Кога сте лидер на тимот, може да се соочите со потешкотии во мотивирање на вашите членови. За вработените во старт – ап постои верување дека се ентузијасти и полни со елан, но и тие може да се изморат од работа. Впрочем, не е лесно да се работи во динамична работна средина. Кога ќе видите дека вашиот тим е истоштен од работа, како да направите да им биде забавно и полесно да соработуваат? Како да креирате позитивна работна култура? Како ќе ги натерате да ја сакаат нивната работа?

Oвие четири совети ќе ви помогнат да го мотивирате вашиот старт – ап тим , пишува Addicted2Success.

Тим билдинг

Замислете дека вашиот тим не се познава меѓусебно. Некои членови може да ги задржуваат своите идеи за себе или уште полошо тие би можеле негативно да ги протолкуваат повратните информации и критики од другите членови. Како лидер на тимот вашата цел е да создадете средина каде што секој член ќе може ефективно да ги претстави своите идеи и предлози. Еден од начините да создадете добра работна средина се тим билдинг сесиите со што ќе им овозможите на членовите на вашиот тим меѓусебно да се запознаат и забавуваат.

Презентирање на идеи

Добра работа е кога на вашите вработени ќе им дадете слобода да ги презентираат и извршуваат своите идеи. Постои голема разлика меѓу доделувањето на задачи и извршувањето. Понекогаш, вашите вработени можеби имаат идеи со кои полесно би ја завршиле задачата.

Одговорност и слобода

Во компаниите традиционалната хиерархија и строгите правила ги “мачат“ вработените. Тие повеќе се фокусирани да го импресионираат својот шеф отколку да ја завршат работата. Во стартапите атмосферата е поинаква бидејќи фокусот е ставен на во градење на производот и негово пробивање. Вашиот тим очекува да учи нешто ново, да постои помала хиеарархија и поголема шанса за презентирање на идеите. Фокусирајте се на тоа да им давате различни задачи на вработените или побарајте од нив да ги извршат задачите кои тие ги сакаат давајќи им креативна слобода.

Признание

Признанијата може да ја зголемат мотивацијата на вашиот тим. Позитивниот фидбек е добар на долг рок. Пофалбата не е за да го “надувате“ егото на членовите на тимот туку препознавање на добро завршената работа.

email