odmor

Фото: Pexels

Ако сакате да останете здрави, да ги извршувате работните задачи најдобро и да не “прегорите“ од работа, потребно е да земете одмор и да ги наполните батериите. Но, може да се случи да не можете да земете одмор поради многубројните обврски што ве чекаат. Сепак, постојат неколку други работи што може да ги направите за да притиснете на копчето за ресетирање и да продолжите со работа без да земете одмор.

Исклучете се

Технологијата е наше секојдневие. Дури и кога сте дома секогаш ги проверувате пораките кога се будите и пред да заспиете. Со паметните телефони како да сте постојано на работа. Се плашите да пропуштите нешто и затоа секогаш останувате “поврзани“ со технолошките уреди, но тоа само го зголемува нивото на стрес. Еден од најдобрите начини за одмор е да се исклучите. Затоа, за време на викендите и кога се враќате од работа исклучете ги известувањата за примени пораки. Ако на некој навистина сте му потребни ќе најде начин да стапи во контакт со вас.

Искористете го викендот

Викендот е идеално време да се опуштите од напорната работна недела. Одвојте неколку часа за себе читајќи добра книга. Во ред е да ви треба одмор дури и од вашите најблиски. Слободно може да одбиете да присуствувате на некоја средба бидејќи и средбите со многу луѓе може да бидат исцрпувачки.

“Дотерајте“ го бирото

Промената на изгледот на вашето биро или канцеларија може да ви помогне да го рестартирате мозокот. Средувањето на растурената маса од непотребни предмети или преуредување на распоредот на вашата работна маса, може да помогне да се “разбудат“ работите. Вашиот мозок веќе нема да го поврзува работниот простор со негативни мисли. Ова може да ви помогне да добиете нов почеток на работа и подобрување на расположение и став.

Излезете од рутина

Додека рутината може да биде добра и може да помогне да останете продуктивни, исто така може да има негативен ефект. Внесете новини и направете пауза од работите на кои сте навикнати.

email