shaking-hands-3098690_960_720

Фото: Pixabay

Финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога, но и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето и нивната наклонетост кон нас. Еве како да ја придобиете довербата на вашите клиенти и да ги зголемите шансите за продажба.

Искрено интересирајте се за другите

Овде важи правилото – луѓето најмногу се интересираат само за себе. Тоа може да го искористите во вашата продажба доколку им покажете на клиентите колку ви се важни и дека искрено се интересирате за нивните потреби. Во бизнис релациите, нема да извлечете никаква корист доколку најстојувате да ги заинтересирате другите само за вас.

Насмевнувајте се

Насмеаниот човек секогаш е посакувано друштво. Една стара кинеска поговорка вели дека тој што не умее да се насмевнува, не ни треба да се обидува да глуми трговец. Имајте го тоа на ум следен пат кога ќе имате состанок.

Често употребувајте го името на соговорникот

Да се запамети името на соговорникот и да се употребува во разговорот е еден од најделотворните комплименти. Но, внимавајте, доколку не ви текнува како се вика клиентот, подобро да си премолчите, отколку да му го згрешите името.

Бидете добар слушател

Поставувајте прашања на кои што клиентот со задоволство ќе одговара, а потоа внимателно слушајте го. Повремено потврдувајте со главата и не заборавајте ја насмевката на лицето.

Зборувајте за неговите интереси

Многу е вазжно пред состанокот со клиентот, да се обидете да дознаете повеќе за личноста и неговите интересирања. Дури, доколку е потребно и да прочитате нешто дополнително за темата за која што сметате дека би го интересирала вашиот соговорник. Првиот впечаток е најважен нели?

Поттикнете го чувството на важност

Ова е една од најсуштинските човекови потреби – луѓето да ги одобруваат нашите постапки. Притоа, внимавајте тоа да биде искрено признание, а не површно ласкање. Глумењето љубезност веднаш се приметува, а потоа и се казнува.