handshake-1205055_960_720

Фото: Pixabay

Преговарањето е вештина што се подобрува со пракса, колку повеќе преговарате толку повеќе ќе ја подобрите. Тоа е процес кога двајца или повеќе луѓе разговараат за работи коишто треба да им донесат заедничка корист. Преговараме кога сакаме да добиеме покачување на плата, попуст… Во преговорите клучен е компромисот. Секоја страна ќе мора нешто да жртвува за да го добие тоа што го сака. Преговарањето без компромис никогаш нема да успее. Постојат неколку совети коишто може да ви помогнат да станете вешт преговарач.

Одредете што точно сакате

Обидете се да замислите идеално решение за ситуацијата. Бидете концизни, знајте што сакате и во кој правец го водите разговорот.

Не кажувајте “да” на првиот предлог

Повеќето преговарачи прават почетна понуда што е помала од онаа за којашто се подготвени – тоа е само очекуваниот дел од преговарачката игра. Кога спротивната страна ќе даде понуда, не бидете очајни со тоа што веднаш ќе ја прифатите, туку прво добро размислете.

Запрашајте се што ќе жртвувате за да го добиете посакуваното

Подгответе резервен план во случај преговорите да не тргнат во посакуваниот  правец.

Идентификувајте ја спротивната позиција

Соберете повеќе информации за спротивната страна и за тоа што навистина сака. Ако разберете што ценат, тогаш може да понудите примамливо решение.

Изградете доверба

Клучна цел на сите преговори е да се изгради доверба. Ако сте способни кај соговорникот да разбудите емпатија, тоа може да ви помогне на долги патеки.

Понудете слобода

Давањето можност за избор на спротивната страна е моќен инструмент при секое преговарање.

email