key-2323278_960_720

Фото: Pixabay

Ако сте од оние кои размислуваат за продажба на бизнисот, следниве совети се токму за вас.

Тајминг

Доколку сакате да го продадете бизнисот треба да се подготвите навреме – најмалку една година порано. Подготовката ќе помогне да ја подобрите финансиската евиденција, структурата на бизнисот и базата на клиенти. Ова ќе ја олесни транзицијата за купувачот, а бизнисот ќе продолжи да функционира без проблем.

Подготовка на документи

Соберете ги вашите финансиски извештаи и даночни пријави што ги имате последните три – четири години и разгледајте ги со сметководител. Направете и листа со сета опрема што се продава заедно со бизнисот, како и листа на контакти поврзани со продажните трансакции и набавки.

Евалуација на бизнисот

Продажната цена треба да биде соодветна со тоа што го нудите. Не треба да биде ни превисока, ниту пак прениска. За да ја направите потребната евалуација, консултирајте стручно лице кое ќе направи детална проценка и ќе одреди точна цена.

Исклучување од бизнисот

Ако компанијата што ја продавате сè уште е зависна од вас или одредени луѓе од тимот, купувачот ќе помисли дека штом вие заминете бизнисот ќе стагнира. Затоа, не брзајте и оспособете ја совршено да функционира и без вас.

Менаџирање на профитот

Не брзајте со трошење на парите, почекајте барем неколку месеци. Направете план за вашите финансиски цели и информирајте се за евентуалните даноци при голема добивка. Посоветувајте се со финансиски експерт каде сакате да ги инвестирате парите и фокусирајте се на долгорочни бенефити.

email