angry-peopleФото: Pixabay

Ако некогаш сте се соочиле со вакви луѓе, знаете дека конфликтот со нив нема никаде да ве однесе. Колку посилен станува вашиот аргумент, толку посилно тврдоглавата личност ќе го одбива.

Еве неколку стратегии како да ги натерате и најтврдоглавите да го променат мислењето, а притоа да не заземат одбранбен став.

Физичка промена на позицијата

Кога личноста ќе стане непопустлива во поглед на својот став, променете ја нејзината физичка позиција. Ако седи, натерајте ја да стане и да прошета низ просторијата. Ако стои, натерајте ја да седне. Голем број истражувања покажале дека нема поедноставен начин да се промени нечие размислување, од тоа да се натера личноста физички да се помрдне.

Дополнителни информации

Додајте нови, дополнителни информации пред да побарате од некого повторно да размисли за вашата молба. Никој не сака другите за него да мислат дека е лажливец, односно да го менува своето мислење, а не ни сака самиот за себе да мисли дека е недоследен.

Збунувачки пофалби

Потенцирајте дека неговите/нејзините идеи влијаеле на вас. Поголема е веројатноста тврдоглавата личност да возврати така што ќе го промени своето мислење за нешто друго. Не плашете се да прифатите и двостран аргумент и да се согласите со истиот, потенцирајќи колку таа личност е досетлива. Штом го “омекнете теренот“, не губете време и веднаш изнесете ги доказите за вашиот став.