smilies-funny-emoticon-faces-160824Продуктивноста има главна улога во професионалниот развој. Честопати читаме совети за тоа како да бидеме ефикасни и посветени работници, но исто така и менталното здравје има голема улога во тоа како ги извршуваме поставените задачи.

Овие неколку совети ќе ви помогнат да заминувате среќни од работа и да бидете задоволни со своето работно место.

Прегледајте ги вашите достигнувања

На крајот од секој работен ден запишете што сте оствариле во изминатите работни часови. Членовите на тимот и клиентите се “премногу зафатени“ за да ги забележат вашите секојдневни победи, па за тоа самите одвојте си време за да си се пофалите. Тоа е одличен градител на доверба. Не се грижете ако на листата сте забележале само мали работи, бидејќи големите победи не може да се случат без нив. Оваа кратка активност ќе ве расположи и ќе ја поттикне вашата продуктивност.

5

Подгответе се за наредниот ден

Пред да си заминете дома, подгответе се за наредниот ден. Запишете си ги главните задачи коишто треба да ги извршите наредниот ден. Проверете го вашиот распоред и дали имате закажани состаноци. Кога ќе го испланирате наредниот ден и ќе знаете во која насока ќе се движат вашите активности остатокот од денот ќе бидете порелаксирани.

Организирајте си го просторот

Ако вашето биро е затрупано со материјали на крајот од работниот ден исчистете го и ослободете се од непотребната хартија. Уредното биро ја зголемува вашата ефикасност.

Помогнете на колегите

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои им помагаат на своите колеги на работа се посреќни. Затоа кога ќе можете понудете им ја вашата помош на колегите.

Фото: Pexels

email