people-2561336_960_720

Фото: Pixabay

Во светот има милиони различни луѓе, различни карактери, секој со своја приказна, мислење и став. Она што е клучно е да не дозволиме разликите да бидат пречка во остварувањето на ефикасна комуникација. Не е едноставно да се работи со интровертни луѓе, без разлика дали станува збор за колеги, шеф или клиенти. Како да комуницираме со нив без да ги оттргнеме од нивната комфорна зона, во продолжение.

Слушајте внимателно

Бидете добар, внимателен и трпелив слушател. Интровертните личности не зборуваат често и не се “отвораат“ лесно, па затоа од големо значење е да молчите и да не ги прекинувате со непотребни прашања или додавање на зборови.

Прифатете ја тишината

Не очекувајте од интровертите да го споделат своето мислење за секој проект или да дискутираат за секојдневни теми на работа. Но, тоа не значи дека се некултурни или незаинтересирани. Едноставно не сакаат да се експонираат како екстровертите.

Не ги прекинувајте

Кога работат, строго се фокусирани на тоа и потрудете се да не ги прекинувате за било што. Почекајте погоден момент за разговор, во спротивно нема да наидете на позитивна реакција.

Не очекувајте да бидат присутни на настаните

Компаниски собирања од различен тип не се места каде ќе ги најдете интровертите. Овие личности ги одбегнуваат сите поголеми гужви, но тоа не е нешто што треба да им се споменува кога ќе ги сретнете следниот пат.

Без заобиколувања

Доколку вашиот клиент е интровертна личност, не заобиколувајте кога имате состанок, преминете веднаш на главните точки. Држете се до темата на дискусија и изоставете ги непотребните прашања и мислења за тривијални работи.

Информирајте ги навреме

Интровертните личности сакаат однапред да знаат кога се подготвува нешто големо. Затоа, информирајте ги навреме. Тие премногу го ценат своето време и енергија и едноставно потребен им е подолг период за да се подготват за евентуални промени.

Користете мејл

Понекогаш е многу подобро ако комуникацијата ја направите преку мејл. Така ќе одземете многу помалку време и енергија, а ќе го добиете одговорот што го барате можеби и во поопширна верзија.

email